Балашевиќ: Му посветив песна, но во тој град не сум добредојден – чуваат куршум за мене


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Иако на цела територија од бивша Југославија има стотици илјади фанови од разни генерации кои и денес ги полнат салите на неговите концерти, сепак, има и такви кои не го сакаат Ѓорѓе Балашевиќ.

Во интервју за неделникот NIN, Балашевиќ имаше опширен разговор со Оља Бечковиќ и откри дека уште постои еден град во Босна и Херцеговина каде не е пожелен и добредојден.

„Станува збор за Бања Лука, за жал. Тоа е град од каде постојано ми праќаат некакви пораки. Чуваме куршум за тебе е една од нив. А јас им одговорив на тоа: Супер, мислам, не е убаво што чувате куршум за мене, но убаво е што, сепак, сте зачувале некој куршум“, вели Ѓорѓе.