Балашевиќ: „Е сега е доста – СЕГА ЌЕ МИ ПЛАТИТЕ ЗА СÈ!“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Славниот Ѓорѓе Балашевиќ на концертот во Загреб со својот потег во кој му помогна и музичката екипа од сцената, ја импресионираше и воодушеви бројната публика која го поздрави со бурен аплауз. 

Балашевиќ пред полната Арена ја запеа култната „Неки нови клинци“, а потоа во еден момент застана и направи нешто што никој не го очекуваше.

Навикнавме на неговите концерти да го слушнеме стихот „тад сам сам добио пар манедарина и малог белог зеца“ и тогаш кон бината летаа плишани играчки. Сега одлучи да го возврати „ударот“.

„Е сега е доста! 20 години вие мене ме гаѓате со зајачиња, е сега ќе ми платите за сè“, рече тој и потоа излегоа луѓе со полни корпи плишани зајачиња и почнаа да ја гаѓаат публиката.

„Ова го започнаа Игор и Маријана, Маријана за запросивме во Ледената дворана во Загреб.

Игор тогаш посака да ја запроси својата девојка на концертот на Балашевиќ. Го праша дали може тоа да го направи, а Ѓоле секако му одобри, но тогаш Игор се исплаши.

„Јас не смеам, прашај ја ти“, му рече.

Маријана, омажи се за нас, е славната реченица која Балашевиќ ја изговори тогаш за да му помогне на Игор.

Маријана и Игор први му фрлаа плишани зајачиња и му испраќаа пораи на Балашевиќ, па поради нив овој гест со зајчињата е направен во Загреб.