Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џенифер Лопез ги изненади фановите и публиката со нејзиното појавување на доделувањето на латино Греми наградите и во тандем со својот бивш сопруг Марк Ентони отпеа песна и му ја врачи наградата.
Тие заедно ја изведоа песната Olvidame Y Pega La Vuelta, која има доста емотивен текст, а говори за двајца вљубени кои се разделени и кои се немаат видено со години. Многумина од фановите, а и некои медиуми, токму во овој избор на песна ги препознаа нив двајцата, кои се разведоа во 2012 година.
„Марк, ти си жива легенда кој си ги разголе срцето и душата на својот музички пат. Научивме толку многу и пораснавме и секогаш си ми бил многу во животот: мој ментор, моја сродна душа, татко кој не е само личност на годината, туку личност на сите времиња“, изјави Лопез на сцената и му ја предаде наградата после што се прегрнаа и се бакнаа.
Веднаш после таа сцена, TMZ, како и многу други медиуми, се распишуваа за блискоста на Ентони и Лопез, но никој од нив не се надеваше дека овој бакнеж ќе се случи во јавност. Фановите воодушевени со помислата дека парот повторно ќе се смири. Но, менаџерот од Џеј Ло, Бени Медина, вели дека од смирувањето нема ништо.
После бакнежот, за да покаже дека сето тоа било само глумење и перформанс, Ентони во својот приватен авион ги испобакна сите пријатели и персонал, а фотките ги објави на Инстаграм.
Сега медиумите пренесуваат дека Марк се разведува од прекрасната венецуелска убавица Шенон Де Лима, после две години брак. Информацијата, наводно, е официјална според американските медиуми.