„Бакнеж за тато“: Бекам на удар на критики поради оваа фотка со ќерката Харпер


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Откако на Инстаграм сподели фотографија од семејниот одмор во Африка, на која ја бакнува во уста својата петгодишна ќерка Харпер, Дејвид Бекам се најде на удар на критики и иницираше цела дебата на социјалните мрежи за љубовта на родителите и децата.

Семејната фотка Бекам ја сподели на својот Инстаграм профил кој го следат 37,4 милиони обожаватели, со краток опис „Бакнеж за тато“.

Фотката има скоро 2 милиони допаѓања, но во исто време иницираше и интензивна расправа за тоа дали родителите треба да ги бакнуваат во уста своите деца. Дел од неговите фанови сметаат дека тоа е погрешно и непримерно, но имаше и многу такви кои го бранеа.

„Навистина е болно ако луѓето на оваа фотка гледаат нешто друго освен љубов меѓу родител и дете. Во каков тажен свет живееме“, вели еден од коментарите.

Од истата причина лани и Викторија се најде на мета на критики, кога објави фотка на Инстаграм на која ја бакнува Харпер во уста за нејзиниот роденден. Ниту таа тогаш, ниту Дејвид сега не реагираа нешто посебно на прозивките и критиките.