Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Колумбискиот напаѓач Карлос Бака подигна прашина во Милано откако минатиот викенд отпатува да ги посети своите поранешни соиграчи во Севиља.
Бака поради повреда го пропушти натпреварот против Емполи, а слободните денови одлучил да ги помине во Севиља, па медиумите веднаш почнаа да шпекулираат со негово враќање во Андалузија.
Тренерот на Севиља, Жорге Сампаоли призна дека разговарал со Бака и додаде дека не би имал ништо против тоа Колумбиецот да се врати назад во својот поранешен клуб.
„Би било одлично кога Бака би одлучил да се врати во Севиља, но тој се уште е играч на друга екипа. Имам одлично мислење за него и ми призна дека поминува низ тежок период во Милан. Ќе видиме во јануари што ќе се случи, но не верувам дека Милан ќе пушти толку важен фудбалер“, изјави Сампаоли.