Бака: Играв во најлошиот Милан во историјата!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Карлос Бака од Севиља се пресели во Милан како големо засилување за „росонерите“, но во двете години на „Сан Сиро“ не ги оправда очекувањата и ова лето се врати во Шпанија.

Иако беше најдобар стрелец на тимот сепак раководството и тренерот не беа задоволни од Колумбиецот, па ова лето го испратија на позајмица со право на откуп во Виљареал.

Бака вели дека немал поддршка од раководството, тренерот, но и од тимот за кој вели дека бил најлош во историјата на Милан.

„Годините поминати во Милан беа задоволувачки за мене на персонален план. Можев да допринесам и повеќе, но потребна беше поддршка од раководството и тренерот. Играв за најлошиот Милан во историјата“, тврди Бака.

Берлускони одлучи да го продаде клубот, а јас имав различни идеи со тренерот и новото раководство. Заминав со крената глава од Сан Сири бидејќи Милан игра во Европа, а тоа беше мојата мисија кога дојдов од Севиља, да помогнам тимот да се врати во Европа“, додаде Колумбиецот.