Бајковита глетка достапна само со брод: Тиркизна импресија на чилеанските пештери


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мермерните пештери во Чиле се единствената природна формација настаната благодарение на удари на бранови врз варовничкиот ѕид во изминатите 6.000 години.

Тие се наоѓаат во јужниот дел на земјата, на полуостров среде езерото Генерал Карера, а најблискиот град, Чиле Чико, е оддалечен пет часа возење.

Внатрешноста на ѕидовите на пештерата се прекриени со прекрасни нијанси на окер, жолта, зелена и виолетова боја, со одблесоци на тиркизната вода што тече под нив, а многумина од оние кои ги посетиле велат дека призорот ги потсетува на аурора бореалис.

Боите постојано се менуваат, па водата варира од тиркизна до темносина, во зависност од времето и периодот од годината.

Местото е толку изолирано што до него може да се дојде единствено со брод или, доколку времето е убаво, со кајаци.