Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првиот човек на САД, претседателот Џо Бајден денеска ќе биде подложен на рутинска колоноскопија и привремено ќе и`ги пренесе своите овластувања на потпретседателката Камала Харис, соопшти Белата куќа.
Деталите за здравствената состојба на претседателот, кој во сабота ќе го слави 79-тиот роденден, ќе бидат објавени подоцна попладне, соопштила Белата куќа.
„Претседателот ќе биде подложен на рутинска колоноскопија во Медицинскиот центар Волтер Рид, во близина на Вашингтон“, се додава.
„Како што веќе беше случај кога претседателот Џорџ Буш беше подложен на истата процедура во 2002 и 2007 година, а во согласност со процедурата предвидена во Уставот, претседателот Бајден ќе ги пренесе своите овластувања на потпретседателот за пократок период, додека е под анестезија…“
Претходно беше објавено дека Бајден наутро ќе биде подложен на медицински преглед во болницата Волтер Рид во Мериленд.
Бајден, кој не пуши и не консумира алкохол, бил вакциниран против Ковид и со трета доза кон крајот на септември.
Како 78-годишник Бајден стана најстариот американски претседател во историјата. Иако се уште се шпекулира дали ќе се кандидира повторно во 2024 година, тој вели дека очекува втор мандат.