Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Со новиот воено настроен буџет од 770 милијарди долари, кој после долги расправи меѓу демократите и републиканците беше потпишан од претседателот Џо Бајден, САД ќе купува бродови, авиони и логистика, а воена помош ќе им биде дадена на Украина и на американските партнери од Европа.
Украина ќе добие помош од 300 милиони долари, а балтичките земји 150, додека Европската одбранбена иницијатива ќе повлече 4 милијарди долари. Седум милијарди се издвоени за одржувањето на мирот во Тихиот океан, со други зборови, ако ескалира ситуација во Тајванскиот теснец.
Американските воени службеници ќе имаат поголеми плати за 2,7 отсто, а целиот воен буџет е за 5 отсто поголем од ланскиот. Ќе има работа и за воените стратези кои треба да прават стратегии за евентуални војни со Кина и Русија, но и да анализираат што точно се случи во Авганистан.