„Багови“ направија драми на Фејсбук утрово


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Корисниците на социјалната платформа Фејсбук утрово на своите профили добиле голем број пораки од непознати лица упатени до познати личности, а овој проблем не е само кај неколкумина, туку кај поголем дел од корисниците на оваа мрежата ширум цел свет.

Илјадници корисници на Фејсбук се пожалиле дека наместо активности на нивните пријатели, гледаат (спам) пораки или коментари оставени од непознати луѓе на страниците на познатите личности.

Експертите објаснуваат дека се работи за „баг“, пренесува PiunikaWeb.

Проблемот со Фејсбук е забележан и на платформи како што е DownDetector чиј график покажува дека извештаите за „багови“ се зголемуваат.

Компанијата сè уште официјално не се оггласи за проблемот.

Британски „Метро“ пишува дека „багот“ се чини дека не влијаел на апликациите за паметни телефони.

И корисниците на ИОС и Андроид известуваат дека Фејсбук работи нормално за нив.