Багерист буквално ја закопа шефицата во еден куп песок (видео)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Надзорната камера од едно градилиште во Кина сними неверојатна сцена кога еден багерист за малку буквално не ја уби својата надзорничка која шеташе низ градилиштето, додека тој товараше песок во камионите.

Инцидентот се случил на 24 февруари, а снимката предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Видеото прикажува како багеристот товара песок, додека жената се шета низ градилиштето. Во еден момент, багеристот, несвесен дека надзорничката е на само неколку метри од него, ја собра со песокот и ја натовари во камионот.

Иако на кратката снимка не се гледа закопаната жена, таа за среќа на време била спасена од сигурна смрт. На социјалните мрежи беше иницирана и расправа за тоа кој е виновен во ситуацијата.