Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Раководството на Баерн Минхен е во потрага по заменик за ветеранот Франк Рибери, кој ја игра последната сезона во баварскиот клуб.
Француските медиуми пренесуваат дека Баварците се силно заинтересирани за крилото на Олимпик Марсеј, Флоријан Таувин во кого гледаат идеална замена за Рибери.
Крилниот фудбалер веќе заработи повик од француската репрезентација, а со своите одлични настапи во привлече вниманието на голем број гиганти ширум Европа.
Таувин има зад себе краток и неуспешен престој во Њукасл, но се претпоставува дека Бундеслигата ќе му одговара повеќе и дека добро ќе се вклопи во Баерн Минхен.
Францускиот клуб е подготвен да се раздели со својата ѕвезда, но не за помалку од 80 милиони евра, па останува да видиме дали Баварците се спремни да ја платат таа сума.