Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Утре започнуваат полуфиналните дуели во Лигата на шампиони, а во центарот на вниманието е дуелот помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид.
Особено во фокусот е Кристиано Роналдо поради својата неверојатна статистика против германските клубови.
Имено, Роналдо има постигнато 26 гола на 22 натпревари против германски тимови, односно 1,8 по натпревар.
Омилената „жртва“ на Португалецот е секако Баерн Минхен, на кои им дал дури 9 гола на шест меѓусебни натпревари.
Покрај Баерн, погодуваше уште и против Борусија Дортмунд и Шалке по седум пати, а на Волфсбург му има дадено 3 гола.
Првиот меч помеѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид на програмата е во среда во 20:45 часот.