Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германскиот шампион Баерн Минхен буквално не потроши ниту еден цент во летниот преоден рок, но германските медиуми пренесуваат дека спрема „бомба“ во самиот финиш.
Според последните информации кои пристигнуваат од „Алианц Арена”, челниците на баварскиот гигант дошле до заклучок дека само Дибала може да биде достојна замена за полскиот репрезентативец Роберт Левандовски.
Планирано е искусниот напаѓач да остане во Минхен до крајот на следната сезона, а потоа да му биде дозволена да направи трансфер. Поради тоа Баварците веќе бараат замена, но истовремено играч кој ќе може да игра заедно со Полјакот во нападот.
Германските медиуми пренесуваат дека прва и најголема желба е Пауло Дибала од Јувентус, за кого спремнаат понуда од 120 милиони евра.
Аргентинецот има договор со „старата дама“ до 2022 година и тешко е да се поверува дека Јувентус ќе му дозволи да замине ова лето, бидејќи трансфер пазарот во Италија е затворен.
Сепак, Баварците сакаат уште сега да започнат преговори, а немаат ништо против трансферот да се реализира следното лето!