Home Спорт Баерн го згази Салцбург со 7 гола – Левандовски постигна хет трик во дваесетина минути

Баерн го згази Салцбург со 7 гола – Левандовски постигна хет трик во дваесетина минути

Барн Минхен синоќа немаше проблеми и лесно стигна до победа против Салзбург од 7:1.

Првиот натпревар заврши без победник 1:1, а Баерн на домашен терен од самиот старт најави во каква насока ќе одат работите на синоќешниот реванш. Германскиот гигант после само 23 минути игра имаше предност од 3:0, па до крајот само остануваше отворено прашањето со каков резултат ќе се заврши натпреварот.

Сите три гола за Баерн во тој период ги постигна Роберт Левандовски. До крајот на полувремето погоди и Гнабри за баварците со 4:0 да заминат на пауза. Во вториот дел Милер и Сане се погрижија за поубедлива победа. Милер постигна два гола во 54. и 83. минута, а Сане ги постави конечните 7:1 пред самиот крај. Почесниот гол за гостите беше дело на Кјаергард во 70. минута.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…