Баерн го враќа Хамес во Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Раководството на Баерн Минхен ја разгледува можноста што е можно поскоро да го врати Хамес Родригез во Реал Мадрид, пренесуваат германските медиуми.

Колумбиецот ова лето пристигна на „Алијанц Арена“ на двегодишна позајмица и тоа на инсистирање на Карло Анчелоти.

Меѓутоа, Хамес има потешкотии со адатацијата во Бундеслигата, а со заминувањето на Анчелоти играчот додатно се изолирал од тимот.

Баерн за неговото доаѓање плати 6.5 милиони евра, а во договорот стои клаузула со која Баварците ќе можат да го откупат за додатни 42 милиони евра. Во моментов правниот тим на Баерн внимателно го разгледува договорот со цел да најдат начин како да го вратат играчот назад во Реал Мадрид.

„Хамес не зборува Германски. Фудбалот во Германија е многу поразличен од оној во Јужна Америка. Тоа е многу тешка ситуација за млад играч како него“, изјави новиот тренер Јуп Хејнкес.

Хамес најверојатно ќе го напушти Баерн во зимскиот преоден рок, а уште сега се појавија неколку заинтересирани клубови за неговиот потпис.