Баерн го погазува зборот: Руши рекорд за ѕвездата на Јувентус


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен спрема богата понуда за ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.

Наводно Јувентус после доведувањето на Кристиано Роналдо е спремен да го продаде Аргентинецот. Тренерот Алегри смета дека тие двајцата не се компатибилни, па раководството е спремно да го „жртвува“ Дибала.

За Дибала се заинтересирани голем број на европски гиганти, но најсилен е интересот на Баерн Минхен кој е спремен да плати 120 милиони евра за неговиот потпис.

Така Баерн реши да се откаже од својата штедлива политика и да се пушти во борба за потписот на една од најголемите фудбалски ѕвезди.

„Нема да купуваме играчи од 150 или 200 милиони. Нема да учествуваме во тоа лудило“, неодамна изјави претседателот на Баварците, Ули Хенес.

Постои и друга опција – Баерн да го откупи Хамес Родригез и да го испрати во Торино со додатни 70 милиони евра за да го добие Дибала.

https://youtu.be/xtU7VnpO5Bg