Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Баерн Минхен ова лето донесе неколку нови засилувања, но се одлучи на потег кој малкумина го очекуваа. Имено, Баварците се одлучија да го променат шефот на скаутинг службата и со тоа да ги комплетираат промените во клупските структури.
Свен Мислинант е 44-годишен шеф на скаутинг службата на Борусија Дортмунд, односно човекот кој ги откри најдобрите играчи на „милионерите“ во изминатите неколку години.
Списокот е следен: Левандовски, Кагава, Гундоган, Обамејанг, Дембеле, Гуереро, Исак, Мор…
За неговите услуги беа заинтересирани ногу клубови, но тој одлучи да остане во Дортмунд. Договорот му истекува во 2019 година, но Баварците се спремни да платат колку што е потребно за уште ова лето да го донесат во Минхен.
Баерн во изминатите години „укарде“ наколку фудбалери на Борусија Дортмунд, а сега Баварците го „украдоа“ човекот кој им ги откри најголемите ѕвезди.