Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Баер Леверкузен победи во трката за потписот на бразилскиот тинејџер и ѕвезда на Васко де Гама, Паулињо.
Паулињо беше мета на голем број европски гиганти, но на крајот „фармацевтите“ успеаа да го купат за 20 милиони евра. Тој ќе се приклучи на Леверкузен кога ќе наполни 18 години, односно во јули оваа година.
„Привлекувањето на Паулињо е голем успех за нас“, изјави претседателот Михаел Шаде.
„Емерсон, Лусио, Зе Роберто беа фантастични фудбалери кои меѓународната кариерата ја започнаа токму во Леверкузен. Сите го знаат тој клуб во Европа и не размислував многу кога стигна понудата“, изјави Паулињо.