Home Актуелно Бадникова и божиќна временска прогноза

Бадникова и божиќна временска прогноза

Бадник во Македонија носи променливо облачно време со појава на сончеви периоди, кои локално, на одредени места можат да бидат и подолги. Ќе дува ветар од северен правец, со услови за слабо провејување на снег.

Дневните максимални температури ќе се движат од -2 до 8 степени Целзиусови.

Божиќ, пак, ќе донесе стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени, наутро понекаде истите ќе се спуштаат и до околу -10 степени. На повисоките и планинските места и под -10 степени. И следните неколку дена ќе имаме стабилно и суво време без врнежи, но со релативно ниски температури на воздухот наутро.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…