Бадијала и депилирање и средени коса и нокти: Момците ПАЃААТ ИСКЛУЧИВО НА ОВИЕ ЧЕТИРИ РАБОТИ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Колку и да се трудите пред сексуалниот однос да го подготвите вашето тело, да направите депилација, пилинг, да се нашминката, да ги средите косата и ноктите, знајте дека трошите време без потреба. Тоа секако не значи дека треба да бидете запуштени, но ваквите работи момците не ги приметуваат во текот на сексот.

Ова се четирите работи кои тие ги приметуваат, а вам можеби не ви паѓаат на памет.

Кога преземате иницијатива

Не постои ништо поеротично од жена која се чувствува добро во своето тело. Тоа е природна мамка за момците и тие едноставно не можат да одолеат.

Освен што жената ја прави посексипилна и позаводлива, опуштеноста во текот на сексот како и преземањето на иницијатива момците го толкуваат како силна желба да бидете со него и да уживате во нивно друштво. Момците обожаваат кога жената знае што сака.

Вашите потези за него се неверојатно сензуални и женствени

Потезите се најсилното оружје на жените, и тоа од одењето, кокетирањето, и однесувањето во друштво, па се до најстраствениот чин. Женското тело само по себе за момците е многу привлечно, а уште кога тоа со потези открива страст и заведување, ниту еден маж во тој момент не може да остане рамнодушен.

Опуштете се, приближете го телото покрај неговото и сте ги освоиле сите негови чула.

Поглед под око или право во очи

Погледот може да биде многу сензуално и страствено оружје на кое паѓа секој маж. Тие опишуваат сигурност, самодоверба, уживање, страст и желба за секс. Погледите во текот на бакнувањето, како и погледите на своето и негово голо телот инстантно ќе предизвика страст и затоа секоја жена треба максимално да ги искористи.

Кога сте гласни и водишувате

Во текот на сексуалниот однос, она што открива вистинско задоволство се сензуалните воздишки на жената кои во момент можат да возбудат маж. Со помош на водишката тие знаат кога се на прав пат, но и доказ дека навистина уживате во нивните допири, бакнежи и машки магии.

Препуштете се на страста и не се срамете да му покажете на партнерот што навистина чувствува во текот на страствениот чин на водење љубов.