Бачев и Кекеновски ја почнуваат изборната кампања за избори на 5 јули


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


ФРОДЕМ и Единствена Македонија најавија започнување на политичката предизборна кампања за избори кои би се одржале на 5 јули.

„Нема што да се оддолжува, изборите треба да се одржат на 5 јули и Македонија да избере собрание и политичка влада“, ни изјави Јове Кекеновски од Фродем, кој е дел од изборната коалиција „Никогаш северна, само Македонија“. Во оваа коалиција, освен Фродем се и партијата Единствена Македонија на Јанко Бачев и Тврдокорните.

Кекеновски вели дека барањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се нелогични и дека неколкуте дена што ги бара нема да променат ништо, туку само ќе ја зголемат кризата и ќе го одложат репавањето на здравствените и економските проблеми. Тој вели дека од денеска и официјално ќе ја почнат кампањата, иако и досега на социјалните мрежи го промовирале концептот и платформата на коалицијата.