Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако пред неколку дена веше потврдено дека Даниел Аврамовски ќе се пресели во Олимпија, денес српските медиуми пренесуваат дека Црвена Звезда ќе ја напушти и другиот Македонец, Давид Бабунски.
Македонскиот репрезентативец по доаѓањето од Барселона не успеа да се наметне на „Маракана“, добиваше повремено шанса, па во јануарскиот преоден рок ќе ја промени средината.
Најголем интерес за Бабунски во моментов покажува швајцарски Јанг Бојс. Учесникот во Лига Европа веќе ги започнал преговорите со Македонецот за условите на договорот.
Бабунски има договор со Црвена Звезда до 2018 година, но српскиот клуб е спремен да го пушти без обештетување, па трансферот би можел да се реализира во следните неколку дена.