Бабата почина, внуката во борба за живот – детали за стравичната сообраќајка во Скопје


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


61-годишната скопјанка В.Т., која вчера вечер, на булевар „Србија“, во скопската населба Аеродром беше прегазена од комбе заедно со нејзината 3-годишна внука, им подлегна на повредите и го загуби животот.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случи околу 20 часот. Комбе „Пежо партнер“ со велешки регистерски ознаки што го управувал управувал 40-годишниот П.Т. од Велес удрил во пешаците В.Т.(61) и нејзината 3-годишна внука.

Од ударот пешаците се здобиле со тешки повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Во 22.45 часот В.Т. им подлегнала на повредите. Полицијата извршила увид и го расчистува случајот.