Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Српската блогерка Жаклина, која живее во Италија, пред неколку емсеци го привлече вниманието на странските медиуми поради фактот дека на 47 години изгледа како да има двојно помалку. За неа се распишуваа и Daily Mail и британски Cosmopolitan, а со доаѓањето на летните жешки денови, Жаклина повторно го привлече вниманието, овој пат со фотки на кои позира во костим за капење.
На Инстаграм има над 30.000 пријатели, а дека не гледате во фотографии од 25-годишна жешка девојка ќе сфатите кога под нив ќе го видите хаштагот #grandmotherthatlovesfashion. Сексапилната Жаклина е мајка на две деца и баба на две внучиња.
Она што ги привлекува нејзините обожаватели и пријатели е фактот дека Жаклина е полна со позитивна енергија, иако минатата година доживеа страшна загуба. Како што пишува Daily Mail, минатата година на Бадник починал нејзиниот син Стефан како последица од сообраќајна несреќа.
За својот стил Жаклина вели дека е мешавина од најдобри стилови кои ги „собрала“ од Полска, Швајцарија и Франција, во периодите кога живеела таму.