Баба во 105. година од животот го открива рецептот на ДОЛГОВЕЧНОСТ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американката Ханк Год неодамна наполни 105 години,па специјално за новинарската екипа на „WTSP“ телевизија одлучи да ја открие својата тајна на долговечност.

Иако многумина сметаат дека Ханк и тоа како имала посебен режим на исхрана, или се занимавала со спорт, таа тврди дека во текот на својата младост живеела со полни гради, пиела алкохол и пушти цигари.

„Пиев пиво и пушев цигари. Останував во градот до доцна, знаете, играјќи, а потоа би заминала на работа“, истакна таа.

Ханк ги сакала игрите на среќа, но нејзиниот сопруг ја спречил да замине во Лас Вегас и да се проба во тоа.

„Мојот маж не ми дозволи да заминам во Вегас, бидејќи знаеше дека сакам да се коцкам. Ги обожував слот машините, па отидов дури откако почина“…

Со оглед на тоа дека со годините водела нездрав живот, сто и пет годишната жена тврди дека не го знае рецептот на долговечност.

„Никогаш не очекував дека ќе живеам толку долго. Никој од моето семејство не е. Не знам во што е тајната“, истакна Хелен за „WTSP“, па додаде дека пред само неколку дена го прославила својот 105. роденден во старечки дом.