Азмоски на распит за „Рекет“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со распитот на кој беше повикан Ардијан Азмоски, денес продолжува обвинителската истрага за случајот „Рекет“.

Денес во Обвинетелството за гонење организиран криминал и корупција на распит е повикан бизнисменот Ардијан Амзоски од Струга. Неговото испрашување пред обвинителката Вилма Русковска е во тек. Тој е син на сопственикот на фирмата „Дрим Билдинг” од Струга, која неодамна соопшти дека на Меѓународниот сојуз му исплатиле околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка.

Вчера пред обвинителката Вилма Русковска исказ даваа и бизнисменот Силјан Мицевски и водителката Лила Филиповска.

Во истрагата за „Рекет” засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.