Азманов му се извини на Кирацовски – Кирацовски прифати и нема да тужи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако најави тужба за клевета и ширење лажни информации од страна на Зоран Азманов, Кирацовски доби јавно извинување од бизнисменот кое јавно го прифати и најави дека тука завршува оваа медиумска конфронтација меѓу нив двајца.

,,После моето укажување и најавата на тужба за лажното информирање на јавноста и мое клеветење, господинот Азманов јавно се извини и побара повлекување на лажната вест.

Жалам што мораше на овој начин, преку најави на тужби за клевети да се докажува вистината, но тоа е единствениот начин во нашето, со лажни вести заразено, општество. Сепак ова е светол пример на доблесно извинување. И уште еднаш…Трендот на лажни вести мора да запре. На хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај.  Демократија Да, анархија од лаги и измислици Не!“-напиша Кирацовски.

„Бев погрешно информиран дека Кирацовски не дозволувал да се тргнат некои наслови и затоа се извинувам за таквата изјава во врска со Кирацовски за Инфомакс. Вака одговорил Зоран Азманов откако „Доказ“ му забележал дека неправедно го вмешува Кирацовски околу влијанието врз порталот.

Како што пишува „Доказ“, бизнисменот дознал од трето лице дека Кирацовски имал влијание врз овој портал, а тоа директно не му било предочено од сопственикот на порталот и затоа го кажал во интервјуто за Инфомакс.