Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Некогашната Плејбој зајачица Памела Андерсон гостуваше во емисијата кај Пирс Морган и откри сочни детали од оргиите кои се случувале во вилата на Хју Хефнер.
„Пред неколку години се затекнав на забава во вилата на Плејбој каде имаше седум голи девојки. Кога по скалите тргнаа на вториот спрат, јас ги следев. Хефнер лежеше гол на креветот, а на него имаше седум атрактивни девојки. Гледав да избегам од куќата, тоа не беше филм, морав што побргу да избегам од куќата, и тоа го направив“, раскажува Памела.
Но, сепак, Памела заклучи дека никогаш немала чувство дека Хју Хефнер ја искористува или понижува.
„Тој едноставно беше пионер во својата работа. Вистински кавалер и беше неверојатно шармантен. Едноствно, размислуваше однапред и успеа. Никој не можеше да го копира. Во него немаше ниту трошка злоба. Чувствував дека е некако невин“, заклучи Памела.