Азар испрати јасна порака до Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден Азар ја отвори душата за медиумите кои ја следат селекцијата на Белгија на Мундијалот, а неговата изјава сигурно нема да им се допадне на навивачите на Челзи.

Белгиецот соопшти дека во моментов размислува за Светското првенство, но одби да потврди дека ќе остане на „Стенфорд Бриџ“.

„Освоив се во Лондон, освен Лигата на шампиони. Ќе останам само ако сме подобри од последната сезона. Ќе почекам и ќе видам што ќе се случи со тренерот, но е јасно дека не сакам да бидам дел од тимот, ако тој не го подигне нивото“, изјави Азар, а потоа испрати порака до Реал Мадрид.

„Јас имам симпатии кон Реал Мадрид и светот го знае тоа. Работите сепак ќе зависат и од нив. Ако сакаат да ме привлечат знаат што треба да направат. Не би преминал во Реал само поради името. Треба да има проект. Во Челзи се уште има проект и ако одиграм добро Светско првенство, тогаш работите ќе станат полесни“, додаде тој.