Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Авторот на моментално најпопуларната ТВ серија на планетата „Чернобил“, Крег Мазин, призна дека исфрлил една сцена од четвратата епизода бидејќи за него, но и за остатокот од продукциската екипа, таа била навистина премногу насилна.
Во четвртата епизода од мини-серијата „Чернобил“ во продукција на НВО, се појавуваат ликвидаторите, мажи од сите делови на Советскиот Сојуз кои го чистат подрачјето околу нуклеарната централа, но и убиваат животни кои живеат таму со цел последиците од радијацијата и самата радијација да не се шират подалеку.
Меѓу искусните војници кои претходно војувале во Авганистан, во еден момент пристигнува автомеханичарот Павел, кој има чувствителна природа и карактер, но мора да ги убива домашните миленици и животни кои останале во напуштените домови во Припјат.
Мазин решил да ја исфрли од серијата сцената во која Павел е принуден да ги убие штотуку родените кученца заедно со нивната мајка.
„На многу луѓе ќе им беше навистина тешко да ја гледаат сцената со ликвидирањето на кученцата. Тоа навистина се случило и за таа случка има пишувано Светлана Алексијевич во книгата Гласовите од Чернобил. Стварноста била уште посурова. Сцената со убивањето на кученцата ја снимивме, но одлучивме да ја исфрлиме бидејќи беше премногу насилна и вознемирувачка. Различни луѓе имаат различни гледишта, но после емитувањето на четвртата епизода, знаев дека не згрешивме што ја исфрливме таа сцена“, вели Мазин.