Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Авторот на сценариот на славната серија „Black Mirror“ ,Чарли Брукер, откри дека користел ChatGPT за да напише епизода од хит серијата на Нетфликс, но не бил импресиониран од крајниот производ.
„Малку се поигрував со ChatGPT“, изјавил Брукер за Empire.
Британската серија, чија премиера беше прикажана во 2011 година, често истражува како научниот и технолошкиот напредок може да има негативно влијание врз општеството.
„Првата работа што ја направив беше да напишам „генерирана епизода од „Black Mirror“ и се појави нешто што изгледаше веродостојно на прв поглед, но изгледаше како глупост на втор“, продолжи Брукер.
Шестата сезона на серијата Black Mirror ќе биде премиерно прикажана на 15 јуни на Нетфликс. Во новата сезона, која се состои од пет епизоди, ќе настапат Салма Хаек, Мајкл Сера, Арон Пол, Џош Хартнет и Кејт Мара.
Употребата на вештачка интелигенција во холивудските сценарија е едно од прашањата покренати од членовите на Здружението на сценаристи на Америка, кои моментално штрајкуваат токму поради тоа.