Advertisements
Авто мото

Автономен такси превоз – услуга вредна трилиони долари

Експертите од областа на индустриската и автомобилската технологија, според нивните пресметки и анализи, дојдоа до заклучок дека во 2030 автономниот такси превоз, како современа превозна услуга, со вредноста ќе надмине сума која се брои во трилиони долари.

Според новите проценки автономниот такси превоз ќе има вредност од два трилиона долари, односно две илјади милијарди на годишно ниво. Аналитичарите на УБС групацијата дошле до овој неверојатен износ преку симулација на такси услугите во Њујорк , а во предвид биле земени трошоците на сите автоматизирани такси возила.

Проценките говорат дека главните фактори ќе бидат сегашните компании со такви услуги како Убер и Лифт , но кон нив ќе се приклучат и производителите на автономни возила како Фолксваген , Џенерал Моторс и Дајмлер.

Значаен удел ќе има и компанијата Вајмо. ЏМ веќе ја најави премиерата на своите автономни такси возила. Станува збор за 2.500 Шевролет Болт автомобили, што ќе пружаат услуги по улиците на Сан Франциско.

Од оваа комапнија се жалат веќе на проблемите поврзани со регулирањето на сообраќајот што го попречува слободното движење на роботизираните автомобили.

Advertisements
To Top