Автомобилски раритет: Единствен зачуван примерок од овој модел – во цел свет


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Познат под името BSC, овој спортски автомобил е првиот модел на автомобилскиот производител „Шкода“ уште од времето кога компанијата била именувана според нејзините ко-основачи – BS.

роизведен под името на имењаците Вацлав Лорин и Клемент, првиот примеројк е склопен на 10 јуни 1908 година. Последното од серијата од 12 возила било склопено во октомври истата година.

До сега е зачуван само еден примерок од овие модели стари точно 110 години. Laurin & Klement BSC бил придвижуван од 1,4 литарски двоцилиндричен мотор со 12 коњски сили.

Возилото неколку години било обновувано , а сега е изложено во музејот на Шкода. Интересно е дека тоа не е првото возило кое Шкода го обнови за потребите на својот музеј во Млада Болеслава.

Пред неколку години тоа беше 996 Суперспрот , исто така единствен примерок од тркачки автомобил од вкупно трите произведени. Бил во сопственост на словачкиот возач Иван Мицик, кој доаѓал во неколку моторни издание , за конечно да добие мотор со компресор што му дал сила од 180 коњски сили.