Автомобилската индустрија оваа година може да се соочи помал профит од 110 милијарди долари поради една причина


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Автомобилската индустрија оваа година може да се соочи со намален профит од 110 милијарди долари поради недостиг на чипови, прогнозира американската консалтинг фирма „АликсПартнерс”.

Сегашната прогноза е речиси двојно повеќе од прогнозата на истата фирма на почетокот на годината кога укажа дека загубите на производителите на автомобили годинава поради дефицит на чипови можат да бидат 61 милијарда долари.

Поради ова, влошена е прогнозата за тоа колку автомобили ќе бидат произведени во 2021 година. Првата прогноза беше дека годинава ќе се произведат 2.2 милиони коли помалку, а сегашната е дека ќе се произведат 3.9 милиони помалку.

-Кризата во производството на чипови предизвикана од пандемијата се засили со настани кои во нормална ситуација за автомобилската индустрија би биле лесно надминливи (пожарот во март на јапонската „Ренесанс електроникс”, клучна фабрика за производство на чипови), арктичкиот бран во Тексас и сушата во Тајван. Но сега, сите тие работи станаа сериозни проблеми за секторот, коментира Марк Вејкфилд, раководител за автомобилски сектор на „АликсПартнерс”.

Поради недостиг на чипови, во изминатиот период се зголемија и цените на половните автомобили во САД.

Светските производители на автомобили како Volkswagen, Jaguar Land Rover, Nissan, Honda, Toyota, Fiat Chrysler, GM, објавија дека намалуваат или запираат со производство поради дефицит на чипови, но и дека овој проблем влијае негативно на нивните приходи.