Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Автобуската несреќа која се случи во близина на селото Ласкарци зави во црнина уште едно семејство. На скопскиот клинички центар, на повредите здобиени во несреќата им подлегна 19-годишна девојка која беше една од патничките во кобниот автобус на „Дурмо-Турс“ на 13 февруари.
На девојката и беше ампутирана ногата и се бореше за животот, за на крајот да ја загуби битката. Со нејзината смрт бројот на жртвите од несреќата се искачи на 16.
Во притвор поради несреќата надлежните органи ставија шест лица. Истрагата покажа дека тие манипулирале со тахографот да покажува помала брзина и помало „работно време“ на автобусот, а неисправните сопирачки ги прикажувале дека работат. Во моментот на несреќата автобусот возел со 99 километри на час, а дозволено било 80 на патот Тетово – Скопје.
Сопственикот и управителот на Дурмо турс не го организирал превозот согласно законските прописи. Раководителот е приведен поради манипулации со тахографот и така овозможиле автобусот секојдневно да превезува патници .
Осомничени се и тројца кои се грижеле технички за автомобилот. Последниот преглед бил извршен во декември 2018-та. Сопирачките не биле исправни упте на претходниот преглед во јуни, а во декември издале документација дека е исправен иако знаеле дека сопирачките на работат како што треба.
Возачот го управувал автобусот со 99 километри и го манипулирал тахографот да покажува помала брзина.
Сите што се во притвор се гонат за тешки дела против безбедноста во сообраќајот.