Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Владата на Австрија одлучи да се откаже од законот за задолжителна вакцинација само еден месец откако тој контроверзен закон стапи на сила.
„Одлучивме да го следиме мислењето на експертската комисија и да го суспендираме текстот на законот кој не е пропорционален на опасноста од омикронската варијанта на коронавирусот“, рече министерката за ЕУ и устав Каролина Едштадлер на прес-конференција во Виена.
Австрија е една од ретките земји што воведе задолжителна вакцинација.
„Владата уште еднаш ќе ја анализира својата политика за вакцинација за три месеци и сè уште има опција за флексибилен одговор на развојот на настаните“, изјави денеска за новинарите Јоханес Рауч, кој беше назначен за министер за здравство оваа недела.
И тој и министерот Едштадлер рекоа дека мерката може повторно да се воведе доколку е потребно.
Законот кој стапи на сила пред еден месец предвидуваше казни до 3600 евра за оние кои ќе одбијат да се вакцинираат. Казната требаше да стапи на сила во средината на март, пред властите да издадат само предупредувања.
Укинувањето на задолжителната вакцинација доаѓа во време кога владите ширум Европа ги укинуваат или ублажуваат повеќето антиепидемиски мерки. Имено, доминантна варијанта на коронавирусот во светот стана омикрон, што доведува до помалку хоспитализации, иако е многу позаразен од претходните варијанти.