Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Aвстрискиот канцелар Себастијан Курц најави дека од Виена ќе бидат протерани клериците кои се финансираат од странство и ќе бидат затворени седум џамии во земјата – сето тоа во рамки на борбата против „политичкиот ислам“.
Затворањето на џамиите ја вклучува и таа во Виена, која ја води турска крајно десничарска организација, како и шест други кои ги води арапската верска заедница.
„Во нашата земја нема место за паралелни општества, за политички ислам и за радикални трендови“, изјави Курц.
Министерот за внатрешни работи на Австрија, како што пренесува Франс Прес, објасни дека од земјата ќе бидат протерани шеесет имами заедно со нивните семејства, од вкупно 260-те имами кои дејствуваат во Австрија.
Иако австрискиот закон забранува финансирање на клерици од странство, турската организација ATIB ја заобиколила забраната, изјави министерот за култура Гернот Блумел, чиј ресор ги вклучува и верските прашања.
Тој нагласи дека турската џамија е затворена поради крајно десничарскиот екстремизам и поради тоа што нема дозвола за дејствување од Австриската исламска заедница, покровителното здружение кое ги претставува муслиманите во земјата.
Арапските џамии се затворени проади салафистичките ставови кои ги проповедале, додаде министерот.