Home Актуелно Австрија воведува „локдаун“ – од февруари вакцината против Ковид-19 ќе биде задолжителна за сите Австријци

Австрија воведува „локдаун“ – од февруари вакцината против Ковид-19 ќе биде задолжителна за сите Австријци

Австриската влада, по средбата со претставниците на покраините, најави воведување „заклучување“ на јавниот живот за 10 дена со можност да биде продолжено за уште 10 дена. Но, училиштата би требало да останат отворени.

Најдоцна од 13 декември за вакцинираните и оние кои ја прележале инфекцијата со коронавирус веќе нема да важи локдаун, изјави австрискиот премиер Шаленберг, но најверојатно од февруари ќе биде воведена генерална обврска за вакцинирање против ковид.

Австрискиот канцелар Шаленберг најави драстични мерки против пандемијата

„Мораме да ѝ погледнеме на реалноста во очи. Поттикнати од радикални антиваксери и непроверени и лажни вести, многу граѓани не се вакцинираат“, истакнал Шаленберг.

Австрискиот канцелар инаку беше изричито против локдаун, но попуштил под притисокот на покраините, кои најавиле воведување на оваа мерка дури и ако канцеларот е против.

Поради големиот број заразени со Ковид-19, во Австрија во понеделникот стапи на сила локдаун за невакцинираните, кршењето на ова правило се казнуваше со 1450 евра. Но, очигледно политичарите мерката ја сметале за недоволна, па посегнаа по уште построги рестрикции.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…