Австрија одбележува 200 години од божиќната песна „Silent Night“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Планетарно популарната божиќна песна „Silent Night“, која за божиќните и новогодишните празници се пее буквално на сите континенти, одбележува 200-годишнина од нејзиното постоење.

Годишнината ќе се слави на Бадник во црквата во Оберндорф, во близина на Салцбург, каде што прв пат била изведена во 1818 година. „Silent Night“ е преведена на скоро 300 јазици и дијалекти. Преработена и изведена е од некои од најголемите музички ѕвезди.

Капелата во Оберндорф каде што прв пат е изведена „Тивка ноќ“

Авторите на песната се Јозеф Мор, кој го напиша текстот и локалниот наставник по оркестар Франц Грубер, кој ја создаде мелодијата.