Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Планетарно популарната божиќна песна „Silent Night“, која за божиќните и новогодишните празници се пее буквално на сите континенти, одбележува 200-годишнина од нејзиното постоење.
Годишнината ќе се слави на Бадник во црквата во Оберндорф, во близина на Салцбург, каде што прв пат била изведена во 1818 година. „Silent Night“ е преведена на скоро 300 јазици и дијалекти. Преработена и изведена е од некои од најголемите музички ѕвезди.
Авторите на песната се Јозеф Мор, кој го напиша текстот и локалниот наставник по оркестар Франц Грубер, кој ја создаде мелодијата.