Австрија мака мачи со недостиг на работници од разни профили


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Министерство за труд и социјални прашања на Австрија објави листа на дефицитарни работни профили за 2020 година, врз чија основа би можела да се доведе странска работна сила, поради недостиг на домашни работници во тие сектори.

На листата на сојузно ниво наведено е дека недостигаат 54 профили на пазарот на трудот – од дипломирани негувателки, готвачи, машиновозачи, ѕидари, до столари.

Во секоја покраина има недостиг од различни работници, така во Корушка недостигаат фризери, во Долна Австрија – стаклари, во Горна Австрија – месари, во Салцбург – молери, во Штајерска – шпедитери, а Тирол и Форарлберг се соочуваат со недостиг на хотелски работници.

Келнери недостигаат во Горна Австрија, Салцбург, Тирол и Форалберг, а фризерите се дефицитарни дури во шест покраини.

Виена и Бургенланд се единствени покраини кои немаат посебна листа со дефицитарни профили на работници.