Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација утре игра уште еден квалификациски дуел, овојпат против репрезентација на Австрија.
Нашиот национален тим ќе се обиде да се рехабилитира од поразот против Полска и да оствари позитивен резултат против Австрија.
Добра вест за нас е што, Австрија во Скопје ќе допатува без својата најголема ѕвезда Давид Алаба.
Алаба го повреди бутниот мускул на дуелот со Словенија и веднаш го напуштил тренинг кампот. Според најавите селекторот Франко Фода во Скопје ќе може да смета на 22 фудбалери.
Освен Алаба неизвесен е и Мартин Хинтенегер, додека нашиот селектор Игор Ангеловски нема да може да смета на Висар Муслиу кој заработи исклучување на мечот против Полска.