Австралиски лекари тврдат: Најефикасниот лек против депресија ви е буквално пред нос


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тим австралиски стручњаци тврдат дека откриле ефикасен начин за надминување депресија.

Во студијата објавена во The American Journal of Psychiatry, а којашто траела 11 години, учествувале над 22.000 здрави Норвежани. На почетокот и на крајот од експериментот одговарале на прашања во врска со нивната психичка состојба и физичките активности.

На почетокот, 12 отсто од испитаниците одговориле дека не практикуваат никакви вежби, додека пак, одговорите на останатите учесници варираат – од „вежбам до 30 минута неделно” до „вежбам повеќе од четири часа неделно”.

Наредните години, седум отсто од луѓето покажале симптоми на депресија, а кај девет отсто се појавила анксиозност.

Резултатите велат дека луѓето кои рекле дека не вежбаат, имаат 44 отсто повеќе шанси да паднат во депресија, во споредба со оние коишто вежбаат час или два неделно. Кај испитаниците кои вежбаат подолго од два часа неделно, не е пронајдено никакво дополнително позитивно дејство на физичките активности на психичката состојба.

Иако не е пронајдена никаква директна врска помеѓу тренинзите и депресијата, научници строго препорачуваат умерена физичка активноста оти тоа контролира и други потенцијални фактори за појава и развој на психичка растроеност, како што се староста, полот, пушењето, конзумирањето на алкохолот и телесната маса.

Вежбањето не мора да биде интензивно, ниту пак долготрајно. Еден час неделно е сосем доволно, нагласуваат стручњаците.