Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На зголемена фотографија од банкнота од 50 австралиски долари која беше објавена на Инстаграм се гледа неправилно напишаниот збор на англиски јазик „одговорност“ (“responsibility”), грешка кој веројатно никој не ја забележал па во оптек беа пуштени вкупно 46 милиони банкноти.
Австралиската Централна банка презеде одговорност за печатната грешка на 46 милиони банкноти откако слушател во една радио станица известил за забележаниот пропуст на банкнотата, јавувајќи се да ги предупреди другите. „Десет луѓе застанаа на ѕид гледајќи во слика од банкнотата од пет метри и тоа беше во големина на кујнска маса, и никој не ја забележа грешката”, изјавил слушателот на радиостаницата.
Грешката може да се најде во „микротекстот“ на првиот говор на Коан во парламентот, испечатен на едната страна од банкнотата во зборот „одговорност“ кој се појавува три пати, и секој пат е погрешно испуштета третата „и“, па стои responsibilty. Банката објави дека печатната грешка ќе биде исправена во следната печатење на банкнотата, подоцна во текот на годината.
Последната верзија на оваа банкнота е издадена во октомври минатата година. Австралиските банкноти се најтешки за фалсификување во светот поради големиот број детали.