Австралијка тврди дека има вонземјанска ДНК и астрално патува на Марс


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


22-годишната Леа Капители од Мелбурн вели дека од својата 13-та година се мачи со необични физички средби, чудни искуства и присуство на личности кои не се од оваа планета.

24-11-lea1

Во детството мислела дека тоа е дел од нејзината фантазија, но во тинејџерските години сфатила за што станува збор. За австралиските медиуми вели дека кога имала 13 години прв пат ја посетил некој во текот на една ноќ, ѝ го објаснил минатото и ѝ кажал дека се разликува од другите девојчиња на нејзина возраст откривајќи ѝ ја вистинската природа на нејзиното потекло.

24-11-lea2

Вонземјанинот кого таа го наркува со името Мезрет ѝ кажал дека таа е вонземјански хибрид. Наводно, според нејзините тврдења, вонземјаните ѝ ги оплодиле јајничните ќелии додека спиела и во нив била вметната вонземска ДНК.

24-11-lea5

„Со години мислев дека сонувам и дека тоа не е реално. Се обидував на разни начини да си ги објаснам себеси тие случувања. Одненадеж, Мезрет ми го објасни моето минато и ми кажа дека сите тие ликови се вонземјански“, вели Леа.

24-11-lea3

Таа истакнува дека со години се чувствувала ненормално додека не дознала дека е Starseed – личност која е родена на Земјата, но нема целосно човечка ДНК. Мезрет ја научил да патува астрално и вели дека често патувале заедно.

„На почетокот немав контрола врз тоа каде се движам, но од ден во ден бев сè подобра. Со поголема концентрација и медитација одам и на Марс. На мајка ми ѝ требаше време да сфати, но после истражувањата го разбра сето она кое ми се случуваше во детството, а таа мислеше дека е резултат на мојата фантазија. Сега ѝ е сè јасно“, вели Леа.

24-11-lea4

Нејзина животна цел е да им помага на луѓето кои се како неа и да ги сподели своите искуства. Во сето тоа има поддршка од нејзиното момче.