Австралија останува затворена за странски туристи до следната година


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Странските туристи нема да бидат добредојдени во Австралија барем до следната година, изјави австралискиот премиер Скот Морисон, наведувајќи ги плановите за укинување на некои од најтешките и најдолгите ограничувања за патување поради коронавирусот.

Наместо тоа, според АП, земјата ќе даде приоритет на враќање на странските студенти, и откако ќе се постигне целта на премиерот Скот Морисон за повторно отворање на надворешните граници, а тоа е целосна вакцинација на 80 проценти од населението на возраст од 16 и повеќе години.

Веста доаѓа само неколку дена откако премиерот Морисон ги објави плановите да им овозможи на вакцинираните граѓани и постојаните жители да летаат во странство од ноември, за прв пат од март 2020-та година.

Строгите ограничувања за патување поради вирусот ковид-19, кој ги зароби повеќето Австралијци дома и ги задржа повеќето странци, доведе до најниско ниво на имиграција од Втората светска војна, според АП.

Австралиските универзитети се особено погодени, затоа што многу се потпираат на надоместоците што ги плаќаат странските студенти и повеќето од нив стравуваат дека тие ќе заминат на друго место ако не им биде дозволено да се вратат наскоро.

Овие мерки нанесоа голем емоционален товар врз земјата во која половина од населението е родено во странство или има барем еден родител имигрант.

Откако беа укинати ограничувањата за Австралијците, премиерот Морисон рече дека следниот приоритет ќе бидат странските студенти пред туристите, но тој не прецизира кога ќе им биде дозволено да влезат во земјата.

– Веруваме дека следната година ќе стигнеме до меѓународни посетители – рече Морисон.

АП потсетува дека има неколку исклучоци од забраната за патување во Австралија, а тоа е за оние патници кои мораа да ги поминат следните две недели во карантин во хотел од моментот кога влегуваа во земјата.

И тоа, како што е наведено, би било голема пречка доколку таквата мерка остане во сила и откако ќе им биде дозволено на туристите да влезат во земјата.