Авион се урна при полетување: Ниту еден преживеан во несреќата во Русија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според податоците на специјализираниот сајт „Flightradar24“ авионот на руската авиокомпанија Саратов Ерлајнс, со 71 патник се урнал на околу 20 километри југоисточно од Москва.

Во патничкиот авион Антонов Ан-148 се наоѓале 65 патници и шест членови на екипажот, а како што наведуваат и руските медиуми, леталото било старо осум години.

Руските медиуми пренесуваат дека преживеани нема, а според сознанијата на RIA Novosti на списокот на патници било и едно дете

Авионот е виден како паѓа во поле на Раменскиот регион, а некои од медиумите тврдат дека горел во моментот на уривањето.