Home Актуелно Авион се сруши кај Солунска глава, загина цело семејство

Авион се сруши кај Солунска глава, загина цело семејство

Цело семејство, татко, мајка и две деца ги загубија животите во падот на малиот авион „цесна“ околу Солунска глава.

Деловите од авионот биле пронајдени на планината Јакупица и наскоро се очекуваат повеќе информации за овој случај.

„Контролната кула последниот контакт со авионот го имала во 16:16 часот и тој летал од Охрид кон Софија. Пилотот поради лошите временски услови се одлучил да слета во Скопје, но по краток временски период побарал дозвола да го продолжи летот кон Софија“, изјави Николче Тасески директор и претседател на УП на М-НАВ.

Авионот пред да исчезне од радарот пилотот пријавил дека има силни турбуленции. Потрагата со два полициски хеликоптери е во тек.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…