Авиокомпаниите потклекна пред шеријатот: Air Asia без стјуардеси на некои летови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нискобуџетната авиокомпанија Air Asia соопшти дека на летовите во индонезиската провинција Ачех ќе има само стјуарди. Тоа е резултат на барањето од индонезиските власти стјуардесите да ги покриваат своите глави на летовите, за да бидат во склад со шеријатските закони.

„На сите летови кон и од Ачех, засега, ќе има исклучиво стјуарди“, соопштија од Air Asia.

Други индонезиски авиокомпании одлучија да се прилагодат на барањата од властите во Ачех, па нивните стјуардеси отсега ќе ги покриваат главите на летовите за и од таа провинција.

Неодамна, стјуардесите од споменатата авиокомпанија имаа проблем поради поплаки од патниците за нивните униформи.